ССМ: Привремено вработените ќе ги имаат истите права како и останатите вработени

Од:

Работниците кои се вработени преку агенциите за привремени вработувања ќе ги имаат истите права како и останатите вработени согласно Законот за работни односи.

Ова е предвидено во предлог-законското решение за агенциите за привремени вработувања кое веќе помина на последната седница на Економско-социјалниот совет и треба да влезе во владина процедура.

Претседателот на ССМ Живко Митрески денеска на прес-конференција рече дека со овие законски измени бенефит ќе имаат 5.131 работник.

– Со овој предлог закон се овозможува целокупните одредби од Законот за работни односи да важат за сите работници, односно и за работниците кои ги отстапува агенцијата за привремено вработување. Тие ќе важат и во делот на платата, на минималната плата, безбедноста и здравјето при работа, заштитата на посебните категории на работници… Важно е и тоа дека со член 21 и член 24 се регулира правото на слобода на синдикално организирање и колективно преговарање, истакна Митрески.

Тој соопшти дека на денешната седница на Извршниот одбор е проследена постапката за продолжување на колективниот договор за приватен сектор, додека за колективниот договор за јавниот сектор рече дека очекува да отпочнат анализите за реализација на разговорите со другите репрезентативни синдикати.

Би можело да ве интересира

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС