ССМ предлага мерки до Владата за спречување на отказите за работниците во компании

Од:

Сојуз на синдикатите на Македонија денеска побара од Владата да донесе итни мерки откако по прогласувањето на вонредна состојба на територијата на целата држава, добиле пријави од голем број работници дека одредени несовесни работодавачи, ја користат состојбата и планираат откажување на договорите за вработување на работници од цели компании.

Мерките на ССМ вклучуваат: мораториум на сите откажувања на договорот за вработување заради економски, организациони, технолошки, структурни или слични причини на страна на работодавачот (деловни причини) во период од 60 дена (мерка преземeна од страна на Италија за заштита на работниците и спречување на злоупотреби од страна на несовесни работодавачи кои го користат овој тежок период за лични интереси), исплата на платите без нивно намалување со одлагање на плаќање на придонесите од задолжително социјално осигурување, со тоа што во рок од шест месеци по надминувањето на тешкотиите, односно вонредната состојба, да бидат уплатени во соодветните фондови. Од ССМ предлагаат и одложување на плаќање на рати за кредити и репрограм за шест месеци за сите работници, граѓани и компании од приватниот сектор.

-Во овие исклучително тешки моменти, потребна е солидарност и заедништво па поради тоа потребно е вака предложените мерки итно да бидат донесени за никој да не остане без егзистенција и плата во време на вонредна состојба и здравствена криза. Ваквата состојба ќе помине, но прашуваме дали работниците во наредниот период ќе им простат на оние работодавачи кои ќе ја злоупотребат ситуацијата за нивната себичност. Апелираме да нема отпуштања од работа поради тоа што и вака сериозната состојба може да ескалира во незадоволстсво кое во иднина синдикатите нема да можат да го спречат, се наведува во соопштението од ССМ.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра