ССМ: Нормираниот учинок ја урива исплатата на минималната плата во конфекциите во Источна Македонија

Од:

Регионалната канцеларија на Сојузот на синдикати на Македонија од Штип забележува дека осумдесет отсто од работодавците во источниот регион им исплатиле минимална плата на текстилните работници. Враќање пари на рака забележано е во две конфекции во Штип и Неготино.

Според нивните анализи работниците во реализирањето на своите обврски биле успешни во август и септември, додека во октомври, според некои сопственици на конфекции, покажале успешност од околку 65 отсто во шиењето на текстилните производи.

– Ако претходните месеци биле успешни, како тогаш сега тие работници станале неуспешни. Ова се пренесува во многу фирми во источниот дел на земјата се е со цел да се намали основицата и минималната плата да биде помала за работниците што ќе ја земаат. Но, од друга страна се рефлектира и на придонесот којшто треба да го уплатуваат работодавците и тој од околу 5.000 денари се намалува на 3.630 денари што се совпаѓа со барањата на работодавците во текстилната и кожарската индустрија да се плаќаат по 50 евра придонеси, вели Горан Трајков, претседател на Регионалната канцеларија на ССМ од Штип.

Тој кажа дека има докази за ова кои му се доставени од страна на работниците на кои не им е исплатена минимална плата согласно донесениот закон. Според него, преку номинираниот учинок се урива исплатата на минималната плата, а во една од конфекциите работниците биле казнети по 2.700 денари со образложение дека ја немаат реализирано поставената норма.

Според Трајков решение за овој проблем е формирање на државен Совет, којшто на годишно ниво би ја утврдувал нормата на работниците во сите индустриски гранки.

Би можело да ве интересира

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС