ССМ ја објави потрошувачката кошничка: 62.691,00 денари биле потребни во април за четиричлено семејство

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија ги објави минималните потрошувачки кошнички за март и за април. Мартовската, како што информираа не беше објавена во предвидениот термин поради трагедијата во Кочани.

Вредноста на Синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година изнесува 61.855,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец февруари 2025 година која изнесува 63.773,00 денари е намалена за 1.918,00 денари.

Вредноста на синдикалната минимална кошница за месец април 2025 година изнесува 62.691,00 денари, споредена со вредноста на синдикалната минимална кошница за месец март 2025 година која изнесува 61.855,00 денари е зголемена за 836,00 денари.

– Евидентно од вредноста на Синдикалната минимална кошница е дека мерките се потребни и истите задолжително мора да траат подолг временски период, но поради нефер трговските практики на дел од трговците, последната мерка на Владата за ограничување на маржите за најмалку 10% даде половичен ефект. Измерено преку оние 63 основни прехранбени производи кои се дел од Синдикалната минимална кошница, евидентирано е намалување на делот од храната и пијалоците само за 6,78% во месец март, но граѓаните и работниците оправдано реагираат дека тоа не е доволно, односно нема видлив ефект и дека цените се или исти или се зголемени. Денеска, за жал 2,5 минимални плати не ја покриваат вредноста на Синдикалната минимална кошница, па реално и оправдано е барањето за зголемување на минималната плата на најмалку 500 евра, како и дополнително зголемување на сите останати плати за најмалку 100 евра. Се прашуваме, дали ако целта на Синдикалната минимална кошница е да ја покаже реалната состојба и да изврши притисок за потребата од зголемување на платите на работниците, дали целта на Владината просечна кошница е да покаже дека не треба да има зголемување на платите и дека македонскиот работник и со вака ниските плати живее добро, велат од ССМ.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра