ССМ изработи Предлог – протокол за социјален напредок

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија денеска на седница на Претседателството го утврди текстот на Предлог протоколот за социјален напредок во Македонија кој е во насока на унапредување на социјалниот дијалог и подобрување на работничките права.

Предлог – протоколот, како што информира ССМ, ќе се фокусира особено на прашањето за натамошено зголемување на минималната плата, како и на решенија со кои, работниот однос на неопределено време, посебно во индустриските зони, да не може да биде помал од 30 проценти од бројот на вработени. Се предвидува и потреба од намалување на периодот за вработување на определено време од пет на три, односно две години. Протоколот предвидува и дополнителни бенефити за обезбедување на поголема материјална сигурност на работниците за време на невработеност.

– Предлог Протоколот за социјален напредок во РМ ќе се фокусира и на отворање на процес за формирање на заеднички фонд за унапредување на социјалниот дијалог, изготвување, потпишување, измени на колективниот договор и едукација за колективното преговарање, со тоа што средствата за организирање и работење на фондот ќе се обезбедуваат од сите работодавачи и работници за кои се применува КД, наведува ССМ.

Оттаму посочуваат дека со овој документ се предвидуваат и активности на социјалните партнери во насока на дополнување на регулативата за обезбедување на можности за бенифициран стаж за оние категории на работници на кои тоа и е неопходно.

По усвојувањето на документот од највисоките органи на ССМ, тој ќе биде доставен до сите синдикални ограноци со цел тие да се приклучат кон остварувањето на суштината и целите од Протоколот.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра