ССМ: Измените во Законот за работни односи не одат во прилог недела да биде неработен ден

Од:

Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) смета дека предложените измени во Законот за работни односи од страна на Министерството за труд и социјална политика не одат во прилог на тоа недела да биде прогласена за неработен ден.

Во реакцијата од ССМ се наведува дека предлогот на Министерството за труд и социјална политика е во насока на утврдување на постапка која треба да ја спроведуваат работодавачите за работниците да работат во недела, а не да се утврди правото неделата да е неработен ден.

Сметаат дека евентуалните исклучоци од правото недела да биде неработен ден, треба да се уредат во Законот за работни односи како базичен закон, врз основа на анализа за тоа во кои дејности мора да има контиуниран процес на работа.

– Предлог на ССМ е работниците кои по исклучок се ангажирани да работат во недела задолжително да имаат право на зголемување на основната плата по час најмалку за дополнителни 50 проценти за работа во недела, како и право на слободен ден во текот на неделата, велат од ССМ.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра