ССМ: Да ја спречиме злоупотребата на финансиска помош за работниците погодени од здравствено-економската криза

Од:

Од Сојузот на синдикати на Македонија (ССМ) соопштија дека до нив биле упатени низа поплаки кои укажуваат дека некои од компаниите кои се корисници на финансиска помош од државата за исплата на плата во висина од 14.500,00 денари, со злупотреба на Законот за работните односи, на своите вработени им исплаќаат понизок износ на плата од она кое што го добиле како помош.

– Од тие причини, ССМ се обрати до Управата за јавни приходи за информација, кои компании, корисници на финансиската помош, исплатиле плата пониска од 14.500,00 на работниците. Исто така, ССМ се обрати и до Државниот трудов инспекторат за преземање на сите соодветни мерки, истакнаа од Синдикатот.

Од ССМ порачаа дека ќе ги преземе сите законски инструменти на располагање, сѐ со цел да се спречи злоупотребата на правата од работен однос и на најпогодените работници да им обезбеди основни услови за егзистенција се до конечно надминување на кризата.

Имено, во текот на месеците април и мај, од страна на Владата на РСМ беа донесени неколку уредби со законска сила за финансиска поддршка на работодавачите погодени од здравствено- економската криза предизвикана од коронавирусот Ковид-19, заради исплата на платите за месеците април и мај 2020 година.

Би можело да ве интересира

Дејановски: Слушаме ветувања ќе има повисоки плати, а добивме неисплатени плати, скратени додатоци, зголемени цени и иселени млади

Синдикалците пред Собранието на Македонија побараа минималната плата да биде 500 евра

Трендафилов: Денеска работниците имаат многу причини да протестираат, а малку да празнуваат

Синдикатите на првомајски протест за повисоки плати

Пешевски: Повисоки плати не се 500 евра плата, туку 500 евра минимална плата

Горан Наумовски

Трендафилов: Владата и работодавачите одбиваат да ја зголемат минималната плата на 500 евра