ССМ бара грчкиот амбасадор и синдикатите да се вклучат во решавање на блокадата на Евзони

Од:

Сојузот на синдикатите на Македонија упати писмо до амбасадорот на Грција во земјава Димитриос Јанакакис и претседателите на Конфедерацијата на синдикати на Грција- GSEE и Конфедерација на синдикати од јавни служби на Грција – ADEDY, со барање активно да се вклучат во решавање на проблемот во нормализација на сообраќајните врски на граничниот премин Евзони, кој настана по штрајкот и блокадата од страна на грчките земјоделци.

Во писмото Сојузот на синдикатите на Македонија и здружените синдикати во него, ја изразуваат својата загриженост поради блокадата на Еврзони, поради негативните последици кои, се веќе видливи врз стопанството и дополнително влијаат врз влошување на економско финансиското работење на компаниите, а со тоа директно и врз загрозување на социјално-материјалната и економската состојба на работниците кои работат во тие компании.

– Блокадите на грчките земјоделци на граничниот премин Евзони можат да предизвикаат и други дополнителни негативни финансиски импликации врз националните економии, што сигурно ќе се одрази дополнително негативно врз егзистенцијата на работниците кои работат во овие компании и што може да се рефлектира со појавата на задоцнување на плати, непримање на плати и сл, стои во писмото.

Апелираат и се надеваат дека во интерес на зачувување и обезбедување на економската стабилност, но и на социјално- материјална и економска стабилност на работниците, активно да се вклучат во надминување на ваквите состојби што ќе обезбедат нормализирање на нарушените сообраќајни комуникации.

Се надеваат дека вклучувањето на сите надлежни субјекти ќе обезбеди нормализирање на сообраќајните комуникации што е основна претпоставка за натамошно развивање, не само на бизнис комуникациите туку и е основа за подобрување на социјално- материјалната и економска состојба на работниците во двете држави.

Би можело да ве интересира

Минималната сума за преживување на месецот пораснала 100 евра за една година

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Во Буџетот за 2025 се планирани пари за поголеми плати

Трендафилов: Потребно е предвремено пензионирање, а не зголемување на пензиската граница

Трговците се алчни, прво ги зголемија, па ги намалија цените за да им остане истиот профит обвинува ССМ

Се повеќе пари се трошат на храна, минималната кошница за октомври 1000 евра

Трендафилов: Аргументите за пораст на платите се на наша страна, очекуваме сериозно да се разгледуваат на ЕСС