ССМ: Ако „Баргала“ не ги исплати неисплатените плати на работниците, по нивен предлог може да се побара стечај

Од:

Работниците од штипската фабрика „Баргала“ добија поддршка од претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски и од претседателот на Синдикатот од текстилната, кожарската и чевларската индустрија Љупчо Радоски.

Синдикатот, како што информираа оттаму, има поднесени поединечни пријави за сите работници против сопственикот на фабриката за тој да биде санциониран за неисплатени плати за септември и април. Од ССМ велат дека доколку работниците побараат, ќе бидат поднесени и тужби за наплата на платите по судски пат.

Димовски им укажал на работниците дека доколку одлучат, ССМ може да покрене и стечајна постапка и на тој начин од капиталот на фабриката да им се наплатат побарувањата.

– Ако работодавачот не сака да сподели од капиталот со работниците, тогаш работниците ќе го споделат капиталот на газдата преку стечај, било истакнато на средбата.

За 15 јуни е закажана нова средба на работниците со синдикатот.

Би можело да ве интересира

Европската конфедерација на синдикати со поддршка на ССМ, за случувањата во Македонија ќе ја известат Европската Комисија

Трендафилов: За да го вратиме балансот, излегуваме на улица

СДСМ: На ВМРО-ДПМНЕ никој не му треба кога е на власт

Горан Наумовски

Трендафилов се појави со Собранието, ни не се сретна „за координација“ со пратеникот Петрушевски

Левица: Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го достаvime предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски