Српскиот динар падна на најниско ниво во 2013 година

Од:

Српската национална валута денеска ослабе за 0,5 отсто на 113,0848 динари за едно евро, со што неговата вредност опадна на најниско ниво од почетокот на годината.

Падот на вредноста на динарот не беше спречен, иако вчера Народната банка на Србија (НБС) на меѓубанкарскиот девизен пазар интервенираше со 30 милиони евра во обид да ја ублажи прекумерната осцилација на курсот на српската валута.

Во 2013 година српскиот динар вредеше најмногу на 30 април, кога за едно евро се добиваа 110,5426 динари.

Во обид да го ублажи колебањето на курсот на динарот, од почетокот на годинава НБС на меѓу банкарскиот девизен пазар купи вкупно 90 милиони евра, а продаде 65 милиони.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски