Српскиот динар на нов историски минумум во однос на еврото

Од:

Српскиот динар денеска ослабна за 0,3 отсто, достигнувајќи најниска вредност во однос на еврото од воведување на заедничката европска валута.

Според денешниот курс на Народната банка на Србија (НБС), едно евро чини 117,8981 динари. Досегашната најниска вредност на српска валута во однос на европската беше регистрирана на 4 јуни 2012 година, кога едно веро чинеше 117,6943 динари.

Со најновиот пад, српскиот динар ослабна во однос на еврото за 3,3 отсто на месечно ниво и за 11,2 проценти на годишно ниво.

Со цел да ја одржи стабилноста на националната валута, НБС од почетокот на годинава на меѓубанкасркиот девизен пазар продаде 1,298 милијарди евра.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски