Гувернерот на Народната банка на Србија, Јоргованка Табаковиќ објави дека платата ќе си ја намали за една четвртина, бидејќи заработувачк на гувернерот била “срамно висока.”
„Гувернерот има сериозна и одговорна работа, како и голем број на луѓе со многу пониски плати“, рече таа.
“Плата гувернерот беше срамно висока и голема беше разликата помеѓу платите на гувернерот и заменик-гувернерот”, рече Табаковиќ.
Таа би сакала дел од платата да оди за децата од Косово или во некоја фондација, бидејќи ако се остави во касата на Народната банка не би значело многу, но тоа ќе значи многу за некој кој е надвор од домот.
Таа исто така рече дека би сакала да се средат платите, истакнувајќи дека не може шефот на кабинетот да има повисока плата од претседателот на Собранието.
“Нема ниту една жена која не може да потроши милијарди , но кога сте тука со вашите колеги цел ден , нема каде толку да трошите ” вели, табаковиќ
Поранешниот гувернер Дејан Шошкиќ имаше плата од 6.500 евра. Со намалувањето Табаковиќ ќе зема плата од
4.500 евра.