Средба на вицепремиерот Пешевски со новиот кинески амбасадор Вен

Од:

Проектите за изградбата на автопатите Миладиновци – Штип и Кичево – Охрид, кои се во фаза на реализација и каде се ангажирани кинески компании беа тема на денешната средба меѓу вицепремиерот за економски прашања Владимир Пешевски и новоименуваниот амбасадор на Народна Република Кина во Македонија, Зеншун Вен.

На средбата, информираат од Кабиентот на вицепремиерот, станало збор и за потенцијалните инвестиции во енергетските проекти.

– Двете страни изразија желби за понатамошен поттик за промоција на инвестициите, економската соработка помеѓу двете земји и зголемување на трговската размена. Вицепремиерот му посака добредојде на новиот амбасадор, со желби за успех во работата и продолжување на успешната работа на неговите претходници, се вели во соопштението од Кабинетот на вицепремиерот.

Соговорниците, според соопштението, ги поздравиле билатералните односи помеѓу двете земји и повеќегодишното пријателство одбележано со динамична успешна соработка, потенцирајќи ја трговската размена со НР Кина.

Народна Република Кина е значаен трговски партнер која во последните неколку години постојано се наоѓа на листата на 20-те земји со кои Македонија остварува најголем обем на трговска размена. Во 2013 година е на 8 место со 4,4 процентно учество во вкупната трговска размена на нашата земја.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката