Средба на министерот Попоски со бизнис-делегација од Јордан

Од:

Министерот за надворешни работи Никола Попоски на работна средба со бизнис-делегација од Јордан го нагласи значењето на македонско-јорданската политичка и економска соработка, притоа посочувајќи дека трговската соработка засега е скромна и оти постои голем потенцијал за нејзино интензивирање, на што заедно треба да работат двете страни.

– Тој, исто така, ја информираше јорданската делегација за нашите надворешнополитички приоритети за членство во ЕУ и во НАТО, како и за досегашните реформи во економскиот сектор и поволните услови за инвестирање во Република Македонија, соопшти Министерството за надворешни работи каде што попладнево Попоски имаше средба со делегацијата од Јордан која е во тридневна посета на Македонија.

Гостите од Јордан истакнале дека нивната посета е прва од претставници од приватниот сектор и дека е добра можност да ги запознаат состојбите и условите за проширување на економската соработка со Република Македонија.

– Тие искажаа задоволство од приемот и интересот од страна на македонската бизнис-заедница, како и од можноста за директни контакти, што отвора нови перспективи за засилување на економско-трговската соработка, соопшти МНР.

Министерството информира и дека делегацијата од Јордан на шефот на македонската дипломатија му пренела порака со срдечни поздрави од јорданскиот министер за економија и покана да го посети Јордан.

Би можело да ве интересира

Во МНР отворена Книга на жалост за загинатите во трагедијата во Кочани

МНР: На девет амбасадори им завршува мандатот, неточни се информациите објавени на дел од порталите

Филипче покажа недоволно познавање на меѓународната политика, реагира Министерството за надворешни

МНР: Македонија ја реафирмира цврстата поддршка за Украина и продолжува со осудата на агресијата на Руската Федерација

Македонија ќе добие нови амбасадори во Украина, Јапонија и Хрватска

МНР ќе бара објаснување од Србија зошто е протерана македонска државјанка од Белград

Горан Наумовски