Средба Бесими – Фрагогијанис: Со заеднички чекори ќе ја зајакнуваме економската соработка меѓу двете земји

Од:

РС Македонија и Грција со заеднички чекори ќе работат на унапредување на економската соработка и трговската размена, како и заштита на инвестициите. Ова е заклучокот од средбата на министерот за финансии Фатмир Бесими со заменик-министерот за економска дипломатија на Република Грција Костас Фрагогијанис, кој е во посета на РС Македонија.

На средбата беа истакнати приоритетните проеки на кои се работи меѓу двете земји, во областа на инфрастуктурата и енергетиката, напредокот во активностите за потпишување билатерален договор за поттикнување и реципрочна заштита на инвестициите и договор за одбегнување на двојното оданочување, како и за процесот на пристапување на РС Македонија во ЕУ.

Владата на РС Македонија презема активности за реализација на проектот за изградба на интерконективниот гасовод до Грција проценет на 57,8 милиони евра и за што веќе се обезбедени средства од Европската инвестициска банка во износ од 28,9 милиони евра, од ВБИФ се добиени грант средства во износ од 9,9 милиони евра кои ќе бидат искористени за финансирање на градежните работи, а грант средства во износ од 2,6 милиони евра ќе бидат наменети за техничка помош во спроведувањето на проектот подобрување на комуникацијата и видливоста на проектот, како и евалуација и ревизија на проектот. Преостанатите 16,5 милиони евра ќе се обезбедат од ЕБОР за што Владата во наредниот период ќе поднесе посебен Предлог-закон за гаранција.

Проектот за изградба на гасоводот е еден од најприоритетните проекти со стратешко значење за нашата земја, а неговата реализација ќе обезбеди стабилност во снабдувањето со енергија, пред сè во индустријата, што ќе придонесе за обезбедување забрзан и одржлив економски раст и подобар квалитет на живот за граѓаните.

Исто така, со финансиски средства од ИПА фондовите во тек е проектот за модернизација на граничните премини меѓу РС Македонија и Грција, кој ќе придонесе за поголема функционалност, забрзан проток и зголемен квалитет на услугите за корисниците на граничните премини.

Инаку, трговската размена со Грција бележи раст од 48,7 проценти за периодот јануари – ноември 2021 во однос на истиот период минатата година, со остварена вредност од 838,8 милиони евра. Странските директни инвестиции од 2011 до сега изнесуваат 152,4 милиони евра.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска