Средба Ангеловска-Брнс за економската ситуација во земјава во услови на Covid-19 кризата

Од:

Министерката за финансии Нина Ангеловска оствари онлајн средба со амбасадорката на САД во земјава Кејт Брнс на која стана збор за актуелните случувања во економијата и справувањето со последиците од Covid-19, како и за идните иницијативи на САД за помош и поддршка на приватниот сектор и јакнењето на граѓанското општество.

На состанокот министерката за финансии Ангеловска информираше и за тековната состојба на економијата и соочувањето со Covid-19 кризата. Таа посочи дека земјата веќе ги реализира двата сета на антикризни мерки за кои има голем интерес, како и дека во подготовка е нов сет на мерки, кои ќе бидат дизјанирани во насока на поддршка на стопанството во периодот на опоравување.

Од двете страни беше афирмирано долгорочното пријателство помеѓу двете земји и поддршката која САД ја дава на земјава во сите сфери на нејзиниот развој.

Би можело да ве интересира

Бесими: Нема замрзнување на платите, работиме на системско и одржливо решение за раст на платите во јавниот сектор

Горан Наумовски

Бесими: Целосна интеграција во ЕУ значи реформи, решавање предизвици и долгорочна стабилност во регионот

Горан Наумовски

Бесими: Нема експропријација на дивоградби, законски измени заради забрзана динамика и пониски трошоци за реализација на проектите

Ана Ололовска

МФ: Интересот за еврообврзницата поголем за половина милијарда евра од претходната аукција

Ана Ололовска

ССМ најави кривична пријава против министерот за финансии Фатмир Бесими

Ана Ололовска

Најава за генерален штрајк од Синдикат на вработените во Министерството за финансии

Ана Ололовска