Србија започнува преговори за нов договор за гас со Русија

Од:

Генералниот директор на Србијагас, Душан Бајатовиќ најави дека преговорите со Гаспром за нов долгорочен гасен аранжман за испорака на руски гас за Србија ќе започнат во следните неколку дена и треба да завршат најдоцна до 15 мај, јави дописникот на МИА од Белград.

-Разменивме писма со раководството на Гаспром експорт и Гаспром и очекуваме првата размена на хартии, што конкретно значи како тие ја гледаат состојбата со новиот долгорочен договор и како Србијагас гледа на тоа, да биде деновиве, изјави Бајатовиќ и додаде дека договорот ќе биде склучен на 10 години, додека за цената сега не може точно да каже бидејќи ќе биде резултат на комбинација од т.н. нафтна формула и пазарни цени.

-Таа ќе зависи од цената на нафтата на пазарот, така што и нашата цената ќе ни биде таква. Но, она што можам да предвидам е дека во првата фаза на враќање на цената гасот во нормална вредност таа би се позиционирала на околу 800 долари или 850 долари. А, во подоцнежна фаза, доколку ситуацијата во Украина се смири, цената може да се стабилизира на околу 600 до 650 долари за 1.000 кубни метри, изјави Бајатовиќ.

Тој посочи дека целта е да се обезбеди доволна количина на гас и цената да биде поповолна од пазарната, како и договорот да обезбеди одредена флексибилност.

Бајатовиќ изрази надеж разговорите да завршат најдоцна до 15 мај, бидејќи аранжманот договорен меѓу рускиот и српскиот претседател, Владимир Путин и Александар Вучиќ завршува на 31 мај, кој ја вклучува сегашната цена од 270 долари за 1.000 кубни метри гас.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски