Србија продолжува со реализација на каналот Дунав-Морава-Вардар

Од:

Српскиот министер за рударство и просторно планирање, Милан Бачевиќ, денеска во Врање најави дека во понеделник со кинескиот развоен фонд ќе потпише договор за продолжување на реализацијата на проектот за изградба на пловниот канал Дунав-Морава-Вардар, пренесуваат српските медиуми.

Бачевиќ појасни дека студијата за финансиската оправданост на проектот кинезите ја прават бесплатно, а сега ќе биде потпишан договор за размена на расположивата документација.

– Сите документи со кои располагаме, кои се однесуваат на проектот, ќе бидат ставени на располагање на комисијата која ќе биде формирана за таа цел – изјави Бачевиќ

Изработката на просторниот план, како што изјави Бачевиќ е во тек, а во него Врање ќе има посебна позиција како големо пристаниште пред влезот на каналот во Македонија.

Би можело да ве интересира

Во канал со вода во Скопско пронајдена почината жена

Горан Наумовски

Кинезите тврдат каналот Дунав-Морава-Вардар е исплатлив

Ана Ололовска