Србија: Ограничен извозот на соја, сончоглед и шеќерна репка

Од:

Владата на Србија денеска донесе „регулатива“ со која се ограничува извозот на соја, сончоглед и шеќерна репка. Со ова таа привремено го ограничува излегувањето на овие производи од земјата со цел да се спречи недостатокот и да се обезбеди редовно снабдување на домашниот пазар.

Владата, исто така, даде согласност да се направи размена на стоковите резерви на 9,1 милиони тони минерални ѓубрива за пченица и пченка.

Дирекцијата за стокови резерви тврди дека одлуката е донесена за да се стимулира земјоделското производство и да се ублажат последиците од тешката суша во Србија.

Според изјавата на министерот за внатрешна и надворешна трговија Расим Љајиќ за РТС, интервенцијата е направена затоа што морале да се обезбедат пазарот и понудата, а со тоа и цената на маслото за јадење и шеќерот, со што овие производи ќе бидат достапни за сите потрошувачи. Министерот додаде и дека мерките се насочени кон стабилноста на цените на млекото, месото, шеќерот, маслото и брашното.

Тие се уште ја разгледуваат можноста за итен увоз на основни прехранбени производи, што ќе биде ослободен од даноци и царина, но дали тоа ќе се направи ќе зависи од состојбата на пазарот, според зборовите на Љајиќ.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски