Србија од септември воведува евтина тарифа на струјата

Од:

Граѓаните на Србија до крајот на септември дефинитивно ќе добијат повторно струја по евтина тарифа два часа во текот на денот, а не само од полноќ до осум часот изутрина, најави министерката за енергетика, Зорана Михајловиќ.

Таа за РТС рече дека Владата работи на донесување на одлуката со тоа што сеуште не е одредено кои два часа во текот на денот би биле најкорисни за евтината тарифа.

Таа им порача на граѓаните дека до крајот на годината нема да има никакво поскапување на струјата и гасот, а до јануари треба да се одлучи за новиот тарифен систем.

Министерката за енергетика наведе дека во Србија нема да има рестрикции на струја, но навести дека претстои тешка грејна сезона пропратена со сериозна енергетска криза, која според неа трае веќе неколку години.

Таа наведе и дека Владата размислува за можноста да отпише дел од каматата за граѓаните и фирмите кои не ги подмириле сметките за струја, како и можност долгот да се плати на рати.

Би можело да ве интересира

Прва жртва од невремето во Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Снегот го блокира Балканот: 10 часа семејства со деца биле заглавени во Босна

Катерина Ѓуровски

Обезбедете храна и лекови – времето во Србија може да биде опасно

Српските граѓани добиваат СМС од полицијата: Бидете внимателни и следете ги упатствата на надлежните органи

Горан Наумовски

Српската Влада незаконски шпионира активисти, НВО и новинари објави Амнести интернешенел

Уште два нови земјотреси во Србија: Тлото се стресе во Краљево и во Мајданпек