Србија: Од две илјади богаташи само 21 даночни обврзници во даночните служи

Од:

Во Србија, досега има пријавен само 21 даночен обврзник, а според проценки на српскиот „Блиц“ таа бројка треба да се сто пати поголема.

„Ако бројот на пријави остане ваков, ќе морам лично да ги контролирам„ вели за „Блиц“, Иван Симиќ, в.д. директор на Даночната управа на Србија.

Симиќ е изненаден од малиот број луѓе кои пријавиле имот и смета дека поголем дел го чекале последниот ден што не е добро. Тој не гледа причина да се плашат од даноците, затоа што смета дека давачките во Србија не се големи.

„Даночната стапка изнесува 20 проценти, а што ќе беше ако изнесуваше 50 проценти како во некои европски земји? Затоа подобро за нив и за нивните мирна совест, нека не го кријат тоа што го имаат“, вели Симиќ.

Јасна Атанасова

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Српски бизнисмен брутално претепан во Загреб, крвав лежеше пред хотелот

Катерина Ѓуровски

Европскиот парламент ја усвои резолуцијата на Тонино Пицула за Србија

Дедо, син и внук, но и нивен пријател починаа во септичка јама во Србија

Горан Наумовски

Трагедија во Србија: Неколку лица починаа додека чистеле септичка јама

Горан Наумовски

Силно невреме проследено со дожд и град зафати голем дел од Србија

А1он

Мацут ја презеде функцијата премиер на Србија од Вучевиќ

Горан Наумовски