Прашањето за вклучување на Србија во изградбата на гасоводот „Турски поток“ е во фаза на разгледување, изјави денеска српскиот амбасадор во Русија, Славенко Терзиќ.
Амбасадорот истакна дека српската Влада го има предвид својот интерес во соработката со Русија во областа на гасот.
Терзиќ додаде дека најмногу за еден месец во Белград се очекува да допатува рускиот министер за енергетика Александар Новак.
– Кон крајот на април или почетокот на мај Новак ќе ја посети Србија. Оваа средба ќе биде на ниво на копретседатели на меѓувладината комисија за трговија, економско о научно-техничка соработка, нагласи српскиот амбасадор во Москва.