Србија, по повеќе неуспешни обиди, успеа да ја продаде железарницата во Смедерево, а купувачот е кинеската компанија „Хестил“, со која во понеделникот е потпишан договор за преземање на сопствеништвото, јави Фена.
Купопродажниот договор за преземање на 98 имотни целиници на Железарницата, вреден 46 милиони евра, го потпишаа министерот за економија Жељко Сертиќ и претседателот на кинеската компанија Ју Јонг.
Српскиот премиер Александар Вучиќ, кој беше присутен на церемонијата, ја најави можноста Смедерево кон крајот на јуни да го посети и претседателот на Кина Кси Џинпинг.