Спасувањето на украинската валута ќе помогне за спасување на Украина од Путин

Од:

„Украинската валута достигна нов минимум“, беше еден од насловите во Волстрит џурнал во минатата недела. Проблемите на „гривната“ беа објаснети со нескриените заложби на Русија да анектира дел од источна Украина, како што го направи тоа со Крим, и да го принуди остатокот од земјата да стане во пракса вазална територија на Кремљ. Путин верува дека богатсвото и силата доаѓаат од завојувањето.

Притисокот врз Украина е сосема реален. Нејзините проблеми се всушност неминовно отежнати од непродуктивната економска политика, која на земјата и ја наметна Меѓународнот монетарен фонд (ММФ), со благосов од САД и ЕУ, или попрецизно, со воведување на нови повисоки даноци и флуктуирачкиот курс на гривњата, те. со обезвреднување на домашната валута, за да се стимулира извозот. И двете политички линии се крајно непродуктивни. ММФ нескајќи му е сојузник на Путин.

Украина треба веднаш да воведе валутен борд, со кој домашната валута ќе биде строго врзана со доларот. Убавото нешто при една таква мерка е што процесот е автоматски и пазарната доверба се зајакнува, токму затоа што ја нема слободата на влијание од централната банка. Секоја валута би требало да е поткрепена со долари при фиксен курс. Украинците би биле склони да чуваат гривњи, знаејќи дека тие лесно би можеле да се претворат во зелени банкноти.

Тоа не е теорија. Валутни бордови се користат успшено повеќе од 150 години. Кога во 1983 година Хонг Конг го врза својот долар со нашиот, го стори тоа со валутен борд. Денес државите како Бугарија и Литванија го користат тој механизам за врзување на своите валути со еврото. Естонија со години го правеше истото пред да го воведе самото евро.

Една стабилна гривна би направила чуда за пропадната во криза украинска економија. Таа би била силен и фантастичен контраст во споредба со расклатената руска рубља.
Израел покажа дека една држава може да посвети значајни човечки и парични ресурси за да се заштити, и притоа сеуште да има жива иновативна економија на основа на смртните закани и доста честите терористички акции.

Сепак, еден таков решителен и разумен чекор изгледа далечен. Како што покажаа ЕУ, ММФ, Федералните резерви (Централната банка на САД) и секој друг економски орган, колебливоста во однос на валутната политика е најгоемата закана за нашата иднина.

автор: Малколм Стивенсон (Стив) Форбс помладиот, е американски уредник, издавач и бизнисмен. Син е на долгогодишниот издавач на Форбс, Малколм Форбс, и внук на основачот на изданието, Б.Ч.Форбс. Тој беше и меѓу кандидатите на Републиканците за претседател на внатрепартиските избори во 1996 и 2000 година.

Форбс – Њујорк

Би можело да ве интересира

Покрај Украинците, многу Полјаци загинале во војната против Русија

Зеленски за рускиот напад на Днепар: Мора да извршиме притисок врз убијците

Дете загина во експлозија на нагазна мина во регионот Белгород

(ВИДЕО) Масовен руски напад на Днепар: Има мртви и ранети, горат куќи и училишта

Горан Наумовски

Данска ќе испрати војници на обука во Украина

Калас: Не знам зошто Трамп го обвини Зеленски за војната во Украина