Состанок на ОПЕК во Виена

Од:

Членките на Организацијата на држави извознички на нафта ќе имаат состанок денеска во Виена, а аналитичари очекуваат дека за време на седницата нивото на производство ќе се задржи на постоечкото ниво.

Министрите за енергетика на ОПЕК чии држави учествуваат со 35 отсто во глобалните залихи на нафта, ќе имаат состанок по загриженоста за колебањата на финансиските пазари и слабата перспектива на светската побарувачка на енергенсот.

Тој 12-член картел ќе го искористи состанокот и за остварување напредок во именување нов генерален секретар.

Индустриски експерти очекуваат ОПЕК да го задржи целокупното производство на 30 милиони барели дневно односно на ниво кое е од 2011 година и покрај тоа што актуелното производство го надминува официјално пропишаното ниво.

Би можело да ве интересира

Стојановски: Се очекува утре изутрина да има нормализиран автобуски превоз во Скопје

Горан Наумовски

Поскапува дизелот, цената на бензините останува иста

Цените на нафтата скокнаа за над 8 отсто минатата недела поради ескалацијата на Блискиот Исток

Скокна цената на нафтата поради изјавата за нападот на Иран на Израел

Катерина Ѓуровски

Поевтинува мазутот

Поевтинуваат бензините и дизелот