Министерот за финансии на САД Стивен Мначун вети поддршка на светската трговија, изјави денеска на состанокот на министрите за финансии и гувернерите на централните банки на земјите од Г-7 во италијанскиот град Бари, германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Тој нагласи дека САД не сакаат да ја блокираат регулацијата на финансиските пазари.
Мнучин изјави дека економскиот акцент на состанокот бил насочен на напорите на САД за поддршка на економијата.
Тој нагласи дека прашањето за кибербезбедноста останало на дневен ред на Г-7 и оти според него тоа е мошне важно прашање. Мнучин додаде дека не би можело да се каже дека светот е неподготвен за кибер напади.
Мнучин состанокот го искористи за да ја презентира тровската политика на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп.
Министрите за финансии и гувернерите на централните банки на седумте најразвиени држави во светот предупредија денеска во Бари дека долгорочниот раст ќе остане недоволно силен и оти се неопходни чекори со цел светската економија да биде од корист за сите.
Заедничкиот раст од корист за сите е важна тема во заклучната декларација од состанокот на Г-7.
Учесниците повикаа исто така и за обновнување на напорите во борбата против кибер криминалот.
Министрите за финансии се заложија за заедничка борба против меѓународните кибер напади, се вели во нацрт-декларацијата.
– Признаваме дека инцидентите во кибер просторот се закана за нашите економии и оти е неопходно да се разработи политика за реагирање во таа област, се вели во документот.
Во нацрт-декларацијата се повикува за заеднички чекори за брзо утврдување на слабите точки во светскиот финансиски систем и се потенцира важноста од преземање ефикасни мерки за оценка на кибер безбедноста на ниво на компании и сектори.
Документот ќе биде разгледан од учесниците на состанокот, пред да биде објавен подоцна денеска.
Италијанскиот министер за финансии Пиер Карло Падоан изјави дека дискусиите, за прашањето, кои биле планирани уште пред вчерашниот кибер напади, „за жал се покажаа како мошне актуелни“.
Министрите за финансии на состанокот го подготвуваат теренот за самитот на Г-7, кој ќе се одржи во Сицилија кон крајот на мај.