СОС Детско село и Нептун навиваат заедно во недела

Од:

Во рамките на партнерствата на СОС Детско село со корпоративниот сектор, се реализира нова соработка – долгорочно стратешко партнерство со компанијата “НЕПТУН” Македонија. Двете организации ќе соработуваат во реализација на активности од областа на Општествена одговорност, при што СОС Детско ќе биде клучен партнер на “НЕПТУН” Македонија за остварување на нивните ИМПАКТ цели преку реализација на активности во областа на децата и младите од ранливите категории.

Како почеток на оваа соработка “Нептун” Македонија организира едиствена можност и децата и младите од СОС Детско село да можат да ја доживеат еуфоријата од историскиот пласман на нашата држава на Европско првенство и да можат на вистински начин да ја бодрат нашата репрезентација и да ги запознаат најмоќните фудбалски репрезентации.

На 13 Јуни во кругот на локацијата на СОС Детско село вработените од “НЕПТУН” Македонија заедно со децата, младинците и нивните згрижувачи и ментори ќе го гледаат првиот историски натпревар на Македонската репрезентација против Австрија на Европско првенство.

Од страна на “НЕПТУН” Македонија обезбедени се сите аудио и визуелни услови за гледање на овој меч во надворешни услови во пријатна атмосфера со обезбедени реквизити за навивање, а заеднички ќе се погрижиме да бидат следени сите мерки и протоколи за безбедност.

За оваа заедничка соработка генералниот директор Горан Цветинов на “Нептун” Македонија изјави:

Општествената одговорност на нашата компанија отекогаш била дел од стратешкото планирање и секоја година ја дополнуваме со нови иницијативи за придонес кон општеството од кое сме дел, во кое работиме и се развиваме. Иницијативата за поддршка кон СОС Детско село нè инспирираше за креирање соработка низ која ќе можеме да ги вклучиме и нашите вработени, и тие да бидат дел од компаниската гордост. Тим билдинзи, волонтерски активности со вработените на „Нептун“ и програми на СОС Детско село, обуки за стручни знаења во областа на сервисирање на бела техника и продажба, се само дел од агендата. За нас ова е од големо значење, особено во оваа година во која поради негативните ефекти од светската пандемија сите ние и како индивидуи и како компании треба да ја покажеме солидарноста и емпатијата кон најранливите – децата. Активностите ги започнуваме со следење на првиот натпревар на македонската репрезентација на теренот во СОС Детско село со дел од вработените на „Нептун“, вработените на СОС Детско село и децата. Домашната атмосфера ќе ја пренесеме во амбиентот на СОС Детско село и очекуваме сета таа позитивна енергија да донесе среќа и за нашата репрезентација.

За значењето од дологорочни партнерства за СОС Детско село изјави националната директорка Јулијана накова Гапо: Ова партнерство има големо значење за СОС Детско село, бидејќи долгорочната соработка со НЕПТУН ќе придонесе за стабилност и континуитет на работата за задржување на децата во своите биолошки семејства, за топол дом и љубов за секое дете и младинец од СОС Детско село и за осамостојување на младите во социјален ризик.

Покануваме новинар и камерман на 13 Јуни 15 минути пред почетокот на фудбалскиот натпреват и тоа во 17.45 минути во СОС Детско село за подготовка на прилог за овој настан.

ПР текст

Би можело да ве интересира

Секој бренд што се осмелува да излезе од својата комфорна зона е храбар бренд

А1он

Пристигна нова ера во Нептун – КОМПЈУТЕРСКИ КОМПОНЕНТИ!

А1он

Среќата не се чека, почнуваат Lucky Days во Нептун!

А1он

Секое дете заслужува да расте со ЉУБОВ – хуманитарна кампања во НЕПТУН

А1он

Добредојдовте во новиот Нептун

НЕПТУН Хуманитарна кампања за СОС Детско село “Заокружи сметка”