Соработката помеѓу МинтИнс и Интердоместик гарантира дека клиентите со која било полиса за осигурување склучена преку Минтинс сега ќе добијат членство во Интердоместик, информираат од компанијата. Ова членство обезбедува сеопфатна помош и го олеснува добивањето на побарувањата, нудејќи бројни придобивки.
Дополнителните придобивки за осигурениците вклучуваат: – авансно плаќање на трошоците за изготвување на вештачење на штета во вонсудска постапка – организирана наплата на штета во судска постапка во случај на неточни понуди – авансно плаќање на трошоците за правно застапување во судска постапка. Иновативна соработка е прва од ваков вид помеѓу осигурителен брокер и компанија специјализирана за помош и наплата на штети која ветува позитивно влијание на осигурителниот пазар и ќе обезбеди подобрени услуги за сите осигуреници.
-Ние како осигурителен брокер покрај тоа што се грижиме да ја обезбедиме најповолната и најсоодветната полиса за осигуреникот исто така се грижиме за обештетување на сите видови на штети. Оваа соработка со Интердоместик друштвото за обештетување на сите видови на штети веруваме дека придонесе позитивно на пазарот на осигурување и со тоа клиентите ќе бидат побезбедни и посигурни. Асистенцијата односно соранотката со Интердоместик обезбедува за клеинетите бесплатни консултации за утврдување на правниот основ за обештетувања на штети, бесплатни консултации поврзани со постапките за обештетување од осигурителните компании и уште неколку други видови на услуги кои самите клинти ги добиваат бесплатно од МинтИнс осигурителен брокер, информираа од МинтИнс.
Голема благодарност на брокерското друштво за осигурување затоа што за прв пат за сите клинти ќе се користи овој голем иновативен пакет. По прв пат на едно место клинетите од брокерското друѓтво ќе можат да ги користат услугите персонализиран асистент. Пакетот вклучува 10 услуги, она што е најбитно е дека клинетите преку брокерското друштво МинтИнс ќе имаат можност да добијат директно бесшплатни советувања во случај ан било какви незгоди, кажа претставникот од Интердоместик.