Сомнителните мешавини на медот ја обединија Европа

Од:

Шеснаесет држави на ЕУ го поддржаа предлогот на Словенија и Португалија да се воведе појасен систем за обележување на географското потекло на медот.

Имено, двете држави предложија измени на директивата за обележување на медот во продажба, со цел купувачите да бидат подобро информирани за тоа што го купуваат.

Пред се тоа се однесува на мешавините на медот со потекло од различни држави, кои ги „окупирале“ европските продавници, а купувачите воопшто не се свесни за тоа.

На седницата на Советот за земјоделство и рибарство во Брисел предложена е измена на директивата, која сега предвидува три ознаки за обележување на овој производ. Оние кои произведуваат и пакуваат мед моментно можат на декларацијата на истакнат некои од дозволените ознаки, на пример „мешавина од ЕУ“, „мешавина која не е од ЕУ“ или да означат комбинација на двете мешавини.

Според вчерашното соопштение, ЕК ќе ги преиспита овие ознаки и ќе разгледа ревизија на постоечките правила за означување на медот. Повод за измена на директивата е зголемниот увоз на евтин мед од Кина. Станува збор за производ со минимален квалитет, а имало случаи кога во една тегла бил спакуван мед од дури десет држави.

Податоците на Евростат покажуваат дека од Кина во 2018 година се увезени 80.000 тони мед, што е 39 отсто од вкупниот увоз од држави кои не се членки на ЕУ. Втор најголем увозник на тој пазар е Украина, а следуваат Аргентина, Мексико и Чиле.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Големи поплави во дел од ЕУ, се евакуира населението, се зголемува бројот на загинати

Горан Наумовски

Украина доби 1,9 милијарди евра од ЕУ

Балтичките земји ја повикаа ЕУ да изгради одбранбена линија со Русија и Белорусија

Горан Наумовски

Украина и Молдавија официјално ги отворија пристапните преговори со ЕУ

Горан Наумовски

Писонеро: Македонија мора да го искористи моментумот кој постои за проширувањето со цел да продолжи решително на нејзиниот ЕУ пат

ЕУ ги отвори пристапните преговори со Украина

Горан Наумовски