Соборена вредноста на американскиот долар

Од:

Првата финансиска блокада на американската Влада во изминатите 17 години од вчера забележливо ја собори вредноста на американскиот долар спрема водечките валути.

На берзите нема паника бидејќи меѓународните финансиски пазари со денови се подготвуваа за овој можен расплет од гласањето во американскиот Конгрес.

– Доколку блокадата потрае подолго од неколку дена, расположението на берзите може да се промени особено ако трговците почнат посериозно да ја поврзуваат таа блокада со претстојното изјаснување за дозволената висина на задолжување во САД, наведуваат во лондонско Сити.

Финансиската блокада на Владата на САД и се поубедливиот раст на обемот на индустриско производство во источна и централна Европа поттикнаа вчера забележлив раст на вредноста на полските злоти, унгарските форинти и романскиот лев, јавуваат западни медиуми.

Индустриското производство во Полска минатиот месец порасна со најбрзо темпо во изминатите 2,5 години, унгарските фабрики земаа имаат брзо темпо на раст додека унгарската форинта и романскиот лев постигнаа највисока вредност во изминатите 11 дена врз основа на позитивни резултати од локалните индустрии.

Истовремено, индустриското производство во еврозоната се уште нема темпо на целосен раст, потврдуваат берзантски индекси.

Производтсвото во фабриките во Италија, Шпанија и Грција загуби минатиот месец во темпото, додека во Франција и Германија е во незначителен пораст. Позитивни рекордери во еврозоната се Холандија и Ирска.

Во септември индустриското производство во Холандија беше на највисоко ниво во изминатите 29 месеци додека фабриките во Ирска урнаа рекорди за последните 14 месеци.

Би можело да ве интересира

Студентот обвинет за палење автомобили на „Тесла“ се соочува со голема затвор

Горан Наумовски

РИА: Статистиката покажува дека САД се три пати повеќе зависни од увоз од Кина отколку обратно

Кина се противи на какви било договори меѓу САД и други земји на нејзина штета

Нов удар од Кина врз САД, стопиран извозот на ретки метали

Предраг Петровиќ

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Блумберг: САД ги намалуваат проценките за долгот на Украина за 200 милијарди долари