Со дополнителни здравствени и безбедносни мерки рудникот САСА продолжува со работа, а вработените добија тримесечен бонус

Од:

Кај ниту еден вработен во Рудник за олово и цинк САСА не е дијагностициран Ковид-19. Преземавме значајни чекори со кои сакаме да обезбедиме континуирано добро здравје на членовите на нашиот тим, вели генералниот директор на Рудник САСА, Олег Телној.

Како превенција од ширењето на Ковид-19, соопштија денеска од рудникот САСА, обезбедена е лична заштитна опрема за вработените и членовите на локалната заедница, воведени се засилени хигиенски практики согласно упатствата од здравствените институции и препораките на Владата, направена е детална ревизија на сите работни операции, вклучително и во рудничката кантина и при транспортот на вработените за да се обезбеди неопходната социјална дистанца, а е ограничен и пристапот на надворешни посетители во рудникот. Воведена е и работа од дома за дел од вработените за кои тоа е возможно, како и систем за идентификација и засилен мониторинг на здравствената состојба на членовите на тимот кои припаѓаат во најранливата категорија од Ковид-19.

– Преземените мерки во овие тешки околности нѝ овозможија да продолжиме со нашите работни активности, да ја одржиме финансиската стабилност на нашите вработени и бизнисот, да ѝ помагаме на заедницата и да продолжиме со извршување на обврските кон државата и нашите деловни партнери и соработници. Сѐ додека е безбедно, ние планираме да продолжиме да работиме, потенцира генералниот директор на САСА, Олег Телној.

Рудникот за олово и цинк САСА продолжи со производство и продажба на метален концентрат, при што ги исполни планираните производни цели за првиот квартал од оваа година. Како резултат на тоа, раководниот тим на САСА одлучи на сите вработени, покрај редовните плати, да им исплати и премија (бонус) за нивниот придонес во исполнување на планираните производствени параметри.

Како што соопштуваат од САСА, најголеми премии добиле рударите, техничкиот кадар и персоналот што работи на одржување на опремата во рудничките јами.

Од почетокот на 2020-та платите на вработените, се посочува во соопштението, во Рудник САСА се зголемени во просек за дополнителни пет проценти.

Покрај напорите за одржување на здравјето и безбедноста во рудникот и помошта на локалната заедница, менаџерскиот тим на Рудник САСА е во редовна комуникација со надлежните институции на локално и државно ниво, со цел да обезбеди финансиска помош каде што е соодветно, за да ѝ помогне на земјата во борбата против пандемијата на Ковид-19.

Би можело да ве интересира

Кој е најголем добитник од рудниците: Државата, локалните жители или инвеститорите

Предраг Петровиќ

Еко-манипулација: Новите рудници ќе работат под еколошки стандарди и се ќе биде чисто, зелено и еколошки

Предраг Петровиќ

Ќе успее ли Македонија да ќари од рекордното поскапување на бакарот на светските берзи?

А1он

Кој ќе ја плаќа отштетата за пропаднатите рударски инвестиции?

А1он

(ВИДЕО ) „Еуромакс ресоурцес“ со последна опомена до власта да го почитува законот, пред да почнат арбитража тешка милијарди евра

A1on

Државата исправена пред економска логика – ќе го поддржат ли извозот на рударството за зголемен економски раст?

A1on