Нуклеарната електроцентрала „Кршко“ автоматски е затворена, поради пречки во работата, пренесе хрватскиот портал „Индекс“.
Пречките се појавиле на вентилите за изолација, а од електраната изјавија дека сите делови од системот се исправни.
-Немаше негативно влијание на околината. Екипи од нуклеарката работат на откривање на причината, за застојот во работата. Јавноста ќе биде известена за повторно вклучување на елктроцентралата во погон – изјавија надлежните од нуклеарката „Кршко“.
Елена Георгиевска