Словенечки „Меркатор“ останува без овошје во понудата заради неплаќање на нарачките

Од:

Шестиот најголем трговец со банани во светот, сопственикот на стоковната марка „Дерби“, Изет Растодер, за љубљанскиот деловен весник „Финанце“ изјави дека престанал да испорачува овошје за „Меркатор“ затоа што овој словенечки трговски синџир не муги плаќа нарачките.

Како што пренесува регионалниот портал Seebiz, на синоќешната деловна средба претседателот на Управата на „Меркатор“, Тони Балажич, го повика Растодер да ја појасни оваа своја изјава.

Балажич кажа дека во „Меркатор“ просечниот рок за плаќање на стоката е приближно 80 дена. Тој нагласи дека доцнењата не се зголемуваат и дека има големи трговци во регионот кои имаат подолги рокови за плаќање.

-Ние имаме различни рокови за плаќање за различни категории, за свежите програми роковите се пократки, а за трајните се подолги, прецизираше Балажиќ и додаде дека

„Меркатор“ е солиден плаќач. Растодер, кој во Љубљана отвори нов логистички центар, одговори дека неговите изјави се „извадени од контекст“, дека со „Меркатор“ коректно соработува и дека сака стратешка соработка, пренесува љубљанско „Дело“.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски