Словенечката НЛБ ќе отпушти околу 700 вработени

Од:

Со програмата за санација на словенечката „Нова љубљанска банка“ (НЛБ) се предвидува отпуштање на 650 до 700 вработени, укинување на 17 организациски единици и затворање на една третина од експозитурите.

Како што објавија словенечките медиуми, се проценува дека по спроведувањето на санацискиот план, кој е изработен на барање на Европската комисија, НЛБ ќе биде помала за 35 проценти.

Во досегашниот процес на докапитализација на НЛБ се потрошени 1,5 милијарди долари, од кои најголем дел ги обезбеди државата Словенија, која е и сопственик на банката.

Сепак, според експертите, за да може да продолжи со работа, на НЛБ и се потребни уште најмалку 500.000 евра.

Банката се соочува со големи загуби, првенствено од давањето лоши кредити на инсолвенти претпријатија. Словенија се реши за програмата за санација на НЛБ, бидејќи и самата е во криза и нема средства за нова докапитализација на банката, на која и се потребни дополнителни средства за да опстане.

Опстанокот на банката е од големо значење за Словенија, имајќи предвид дека една третина од словенечката економија зависи од НЛБ.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова со Клакочар Зупанчич: Словенија ќе остане наш поддржувач на патот кон ЕУ

Косопственикот на Pirate Bay загина во авионска несреќа во Словенија

Мал авион исчезна над Словенија

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Голем пожар избувна во близина на Марибор

Затруените македонски војници во Словенија се во добра состојба

Катерина Ѓуровски

Македонски војници затруени со јаглерод моноксид во Словенија, двајца во болница

Катерина Ѓуровски