Стопанската комора на северозападна Македонија денеска имаше средба со бизнисмени од Струга на која се дискутираше за бизнис климата во Македонија.
– На овој состанок се дискутираше дека треба да се сменат одредени закони кои создаваат потешкотии во работењето на компаниите со цел овозможување на компаниите да бидат поконкурентни на пазарот, без разлика дали станува збор за мали, средни или големи компании, се вели во соопштението.
Комората најавува дека ќе продолжи со состаноците со компаниите од сите градови со цел да се отвори дебата за проблемите со кои се соочуваат бизнисмените во нивното работење. Следниот состанок, како што е најавено, ќе се одржи во четврток во Скопје.