СKСЗМ бара автопати кон Албанија и Косово

Од:

Бизнисмените од Стопанската комора за Северозападна Македонија иницираат изградба на автопати кон Тирана во Албанија и кон Призрен во Косово, како и изградба на гасоводна мрежа кон Тетово и кон Гостивар, но и трамвај во полошкиот регион.

Ова е само дел од амбициозниот проект во инфраструктурата која според нив итно мора да се модернизира. Тие се разочарани што Владата одвојува малку пари за подобрување на патната инфраструктура и се жалат дека поради тоа стопанството трпи големи штети.

„Лошата инфраструктура има страшно негативно влијание затоа што ние немаме вистински автопати во Северозападна Македонија, освен Скопје – Тетово – Гостивар. До Албанија наместо да возиме 190 километри, ние возиме дури 370 километри”, рече Шефки Алити од Стопанската комора на Северозападна Македонија.

Според него, приоритет треба да биде изградба на автопат од Гостивар до границата со Албанија во должина од 52 километри, а кога ќе се спои со автопатот од страната на Албанија до Јадранското Море би се стигнувало многу брзо.

„Ние лобираме на наша страна да се продолжи тој автопат од границата до Бошков Мост во должина од 14,4 километри, а потоа од Бошков Мост кон Мавровското езеро и да стигнува во близината на Гостивар“, рече тој.

Би можело да ве интересира

Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Самир Мане – првиот милијардер од Западен Балкан на листата на Forbes

Предраг Петровиќ

Голема наградна игра “Стани милионер со УНИБанка!”

Петрушевски: Трпе Деановски од УПОЗ со плата од 104.000 денари, додека со Трендафилов ги лажат работниците за минимална плата

Предраг Петровиќ

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Со името на Коста Шапков, првиот пациент во Жан Митрев, почна да се испишува и историјата на клиниката