„Сити АМ“: Финансиерите бараат период на транзиција за Брегзит

Од:

Финансиерите и банкарите на лондонскиот финансиски центар Сити бараат од британската влада, да изгради период на транзиција во процесот на излегување на Велика Британија од ЕУ, пишува весникот „Сити АМ“.

Според ова гласило на лондонските финансиски кругови, ваквото барање до владата на премиерот Тереза Меј се објаснува со настојувањето на финансиерите да се спречи  нестабилност во финансискиот и банкарскиот сектор, со „тврдиот“ Брегзит.

Реакцијата на овој весник доаѓа по се зачестените навестувања од владините министри, а посебно од високи функционери на владеачката Конзервативна партија, за „тврда“ и бескомпромисна  позиција на Британија во преговорите со Брисел, за раздружување.

Во говорот на отворањето на партиската конференција на конзервативците, лидерот на партијата и премиер Меј порача дека нема да има никаков договор со Унијата, за мигрантите, од земјите на ЕУ, само за да Британија остане во заедничкиот европски пазар.

Независни посматрачи уверуваат дека однесувањето на Меј како „челична дама“ е наменето за „внатрешни потреби„ за ставање ред во партијата, која остана поделена и околу излегувањето од ЕУ, како и да се смират „тврдите„ евроскпетици и антиевропејци.

Овие набљудувачи уверуваат дека Тереза Меј, сепак, на крајот, ќе мора да прави компромиси и кога станува збор за имиграцијата и за трговијата (со ЕУ), затоа што тоа е од витално значење за Британија.

На берзите за пари,  фунтата одново ја загуби својата вредност, откако беше најавено дека преговорите за Брегзит ќе почнат до крајот на март 2017 година, но финансиските експерти објаснуваат дека падот е последица на позицијата на владата во Лондон  која заговара „тврди“ преговори за излегување од ЕУ.

Експертите предупредуваат дека вредноста на националната валута ќе продолжи да опаѓа бидејќи финансиерите стануваат свесни оти на владата и е поважно прашањето на мигрантите, отколку останувањето на заедничкиот пазар на ЕУ.

Би можело да ве интересира

Познат британски политичар уапсен под сомнение дека силувал деца

Медиуми: Британија и некои земји од ЕУ работат на сопствен одбранбен фонд, одвоено од Брисел

Повеќето Британци сакаат да се вратат во ЕУ

Канада и Британија воведоа санкции кон Белорусија по претседателските избори

Британија ќе го следи рускиот брод во близина на нејзиниот брег

Британскиот адмирал: На чекор сме од нуклеарен армагедон