Сите вработени во „Еурокомпозит“ во понеделник добиваат плата

Од:

Доцна синоќа владата постигна договор со вработените од Еурокомпозит, при што е договорено во понеделник линеарно на сите вработени да им се исплати платата, информира денеска владиниот портпарол Миле Бошњаковски.

-Вработените презедоа обврска да ја завршат работата, а постигнат е и договор да се смени менаџерскиот тим. Вработените на „Еурокомпозит“, кои вчера протестираа пред владата и во Прилеп, од денеска веќе се наоѓаат на своите работни места, изјави Бошкаовски.

Роберт Богданоски, претседателот на синдикатот на „Еурокомпозит“ синоќа објаснуваше дека точка на сопнување бил рокот за исплата на платата за вработените.

– Остваривме средба со премиерот Заев. Се согласуваме на предлогот во рок од три месеци да тече постапката за решавање на состојбата со фабриката, да се распише тендер и да се објави за да се пријават стратегиски партнери зашто имало три-четири заинтересирани комапнии. Во меѓувреме да почне да се реализира и постапката за 100 до 120 вработени да заминат технолошки вишок. Единствено не се согласуваме за исплата на платата во рок од 30 дена. Доколку веднаш ни се исплати плата ние ќе се вратиме на работните места, изјави Богданоски.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска