Синдикат на „Еурокомпозит“: Ситуацијата е влошена со исклучената струја, од вторник протест пред Владата

Од:

Состојбата во прилепската наменска фабрика „Еурокомпозит“ е крајно влошена. Исклучена е струјата и ништо не е решено од суштинските сосотојби за опстанокот на компанијата, соопшти денеска синдикатот на овој загубар кој најавува дека во вторник повторно ќе се штрајкува пред Владата во Скопје.

Според Роберт Богданоски, претседател на синдикатот на „Еурокомпозит“ ситуацијата уште повеќе се влоши со исклучувањето на струјата поради неплатени заостанати сметки. Неофицијално, долгот е близу 100.000 евра.

– Од вчера попладнето останавме и без струја за огромен заостанат долг што го направило претходното раководство. Работниците се дома, немаме работа и еве приморани сме од вторник да одиме пред владата, повторно да протестираме надевајќи се дека некој ќе има слух за нашите проблеми. Досега, по претходниот прес од понеделникот никој не прашал ниту се јавил од надлежните. Овој пат не станува збор за плата, таа обично ја добиваме околу 15-ти во месецот, но не се решава ништо суштинско. Овој пат бараме: решавање на проблемот со технолошкиот вишок, на заостанатите плати и придонесите. Најболни се неплатените придонеси за шест ипол години. Оние што заминале во пензија поради тоа земаат за три до 4.000 денари помали пензии. Немаме ниту здравствено осигурување и ова се доволни причини да одиме во Скопје и да протестираме, изјави Богданоски.

Пеце Велјаноски, член на синдикалната организација по денешниот состанок им, а соопштение на сидикатѕо до јавноста и до владата.

-Немаме струја, ништо не се работи, и неизвесно е дали на 15-ти ќе земеме плата. Не е исполнето дека за шест месеци ќе се најде стратегиски инвеститор и немаме никаква информација за пакетот за технолошки вишок. Неплатени се придонесите и заостанатите плати и здравственото осигурување. Поради сето ова не ни преостанува ништо друго освен протест пред Владата со поставување шатори и останување се додека не бидат исполнети нашите барања ветени од Владата, нагласи Велјаноски.

Би можело да ве интересира

Уплатени 1, 7 милиони евра за заостанатите придонеси на работниците од „Еурокомпозит“

Ана Ололовска

Протест на поранешни вработени во „Еурокомпозит“, бараат исплата на придонесите за 6,5 години

Ана Ололовска

Работниците од „Еурокомпозит“ бараат да им се платат заостанатите придонеси и најавуваат протести

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Чулев: Кривична пријава против директорот на „Еурокомпозит“, Златко Гроароски, за злоупотреба на службената положба

Ана Ололовска

Вработените во Еурокомпозит протестираат и прашуваат зошто ги нема во владините мерки за помош

Ана Ололовска

Вработените во „Еурокомпозит“ бараат Владата да каже дали има мерки за нив

Ана Ололовска