Шведска ќе ја поддржи својата економија со 12 милијарди долари

Од:

Активностите во шведската економија годинава ќе се намалат за околу 4,6 проценти, соопшти денеска шведската Влада и додаде дека во 2021 година од буџетот во економијата ќе „вбризга“ 105 милијарди круни или 12 милијарди долари.

Со тоа, Стокхолм сака да го поттикне растот на економијата погодена од пандемијата на коронавирусот.

– Заедно ќе работиме на закрепнувањето на Шведска од кризата и за да изградиме поодржливо општество, се вели во соопштението на малцинската коалиција.

Буџетските мерки, како што се намалување на даноците за граѓаните и компаниите, како и повеќе средства за секторот за социјална заштита, веќе се широко познати во Шведска.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме