Шведска е во дефлација

Од:

Инфлацијата во Шведска во текот на февруари годинава се намали до минус 0,2 проценти. Тоа е воедно и најниското ниво по 2009 година.

Потрошувачките цени се искачија за 0,4 отсто од јануари до февруари, според шведското Централно статистичко биро (СЦБ). Поради тоа, инфлаторниот такт бил негативен, минус 0,2 проценти, а што значи дефлација.

Пред се станува збор за опаѓање на каматните трошоци, пониски цени на електричната енергија и намалување на цените на бела техника, фактори кои влијаат на падот на потрошувачките цени на годишно ниво. Но, од друга страна, регистриран е пораст на цените на прехранбените производи и на облеката, како и на цените за најмување станови, се наведува во соопштените за медиумите што денеска го објави СЦБ.

Би можело да ве интересира

Шест лица се уапсени за тројно убиство во фризерски салон во градот Упсала

Афтонбладет: Тројца убиени, убиецот избегал со електричен скутер

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Медиуми: Има жртви во денешниот инцидент во шведскиот град Упсала

Горан Наумовски

Оружен инцидент во Шведска, неколку лица се повредени

Горан Наумовски

Нацистички знамиња се појавија во Стокхолм на роденденот на Хитлер

Повеќе од 10 рачни гранати биле пронајдени во ранецот на 15-годишно момче во Малме