Штрајк на вработени во холандските железници, бараат повисоки плати

Од:

Вработени во холандските железници денеска штрајкуваат во западниот, најнаселениот дел на земјата и бараат повисоки плати поради високата инфлација.

Железничкиот оператор НС соопшти дека тоа значи оти услугите ќе бидат прекинати и во други делови на Холандија, вклучувајќи меѓународни линии до Белгија.

„Користете друг превоз или одложете го своето патување. Нема да сообраќа ниту еден заменски автобус“, пишува на веб страницата.

Станува збор за 24-часовен штрајк втор во три дена, по оној во средата во северниот дел на земјата.

Синдикати протестираат поради прекинати преговори со управата за колективен договор, каде се бараа повисоки плати.

Потрошувачките цени во Холандија би требало да пораснат за 9,9 отсто во 2022 година. Раст од 4,3 проценти се предвидува следната година.

Во план се уште три 24-часовни штрајкови. В понеделник во северозападниот дел, во вторник во централниот, а в среда во југоисточна Холандија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Холандската полиција уапси повеќе од 500 луѓе за време на протестите на активистите за климата

Сопствениците на кафулиња во Холандија сè уште можат да продаваат нелегално набавен хашиш

(ВИДЕО) Холандската полиција извести: Турист го „уапси“ напаѓачот од Амстердам

(ВИДЕО) Напад во Амстердам, најмалку петмина се повредени

Голем пожар избувна во центарот на Арнхем, изгореа десетина куќи

Горан Наумовски

Холандскиот министер за одбрана: Трамп не е добро информиран за војната во Украина

Горан Наумовски