Штарк: Европа треба да го замрзне проширувањето на пет години

Од:

Поранешниот главен економист на Европската централна банка (ЕЦБ) Јирген Штарк ги повика европските лидери да го замрзнaт интергацискиот процес во Европската унија на период до пет години, со цел да одлучат каде се движи европскиот проект и кои се ќе го користи еврото.

Во интервјуза „Ројтерс“ Штарк наведува дека ЕУ треба да ги земе во предвид некои од критиките на Велика Британија, пренесува БТА.

Европските лидери ќе се состанат на 27 и 28 јуни во Брисел, со цел да разговараат за напредокот на банкарската унија.

Штарк, кој ја напушти ЕЦБ во 2011 година и оттогаш работи како консултант, го критикува пристапот за решавање на проблемите „на парче“, што според него нема демократска поддршка и носи долгорочен ризик.

Тој повика за широка, отворена дискусија за иднината на Европа, нагласувајќи ги стравувањата изразени од британскиот премиер Дејвид Камерон во јануари дека Европа ја губи врската со граѓаните.

– Ајде да направиме мала пауза, период на размислување, да речеме од пет години, со цел да се разгледа во која насока треба да се движи Европа, нагласи Штарк, додавајќи дека проширувањето на ЕУ и еврозоната треба да биде замрзнато за овој период.

Би можело да ве интересира

Путин: Верувам дека Русија и Европа еден ден ќе ги обноват односите

Калас: Европа подготвува план Б ако Трамп се повлече

ЕУ ќе претстави патоказ за постепено укинување на увозот на фосилни горива од Русија

„Гардијан“: Орбан се соочува со голем проблем, ЕУ планира да го замолчи

Започнуваат најважните мировни преговори меѓу Европа и САД

Венс: Европа не може засекогаш да биде „безбедносен вазал“ на Америка