Шредер поставен на чело на „Розњефт“

Од:

Поранешниот германски канцелар Герхард Шредер денеска е поставен на чело на руската државна нафтена компанија Росњефт.

Директорот на Росњефт Игор Сечин изјави за руски медиуми дека доаѓањето на Шредер „ќе овозможи ширење на работењето на компанијата во Европа“.

Шредер изјави дека како претседател на Одборот на директори на Росњефт ќе посредува при компромиси кога мислењата на членовите на Одборот се разликуваат, јавуваат руски медиуми.

Шредер беше германски канцелар од 1998 до 2005 година.

Руската Влада е мнозински сопственик на Росњефт каде удели имаат британската компанија Би-Пи, швајцарски Гленкор и катарската државна компанија Катар ивестмент ауторити (КИА). Гленкор и КИА се во процес на продавање на својот удел на кинеска компанија.

Би можело да ве интересира

Киев е под притисок да заборави на НАТО и да го прифати признавање на Крим како дел од Русија

Горан Наумовски

Украина: Русија 2.000 пати го прекрши примирјето

Владимир Путин потпиша неколку закони, меѓу кои и Законот за странски агенти

Трамп: Можен е договор меѓу Русија и Украина

Горан Наумовски

Русија влегува во стратешко партнерство со Иран

Зеленски: Соодветно ќе одговориме на руските напади