„Шпигел“: ММФ ги повлекува своите експерти од Атина

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) ги повлекува своите експерти од Атина, кои ќе се вратат во земјата најрано кон средината на април, по православниот Велигден, објави електронското издание на германскиот весник „Шпигел“.

Весникот, повикувајќи се на извори во ММФ, наведува дека Фондот се решил на ваквиот потег бидејќи сегашните преговори „не водат до никаков резултат“.

Поради безперспективноста на преговорите претставниците на ММФ ќе можат велигденските празници да ги минат во своите домови. Од друга страна и Грција изразила желба да го одбелжи Велигден без да биде ангажирана со преговори, наведува „Шпигел“.

Според весникот, поради ваквите одлуки преговорите за ново кредитирање на Грција ќе бидат обновени најрано кон средината на април.

Би можело да ве интересира

Муцунски: Проширувањето на ЕУ е неопходно за политичка и безбедносна стабилност на европскиот континент

(ВИДЕО) Големо невреме во Грција, силните ветрови корнеа дрвја, многу автомобили се превртени

Забрана за сообраќај на возила на грчките острови Парос и Миконос поради поплави и силно невреме

А1он

Четири опозициски партии доставија барање за гласање недоверба на грчката Влада

А1он

(ВИДЕО) Грција е целосно парализирана: Има судири, летаат солзавци и молотови коктели

Горан Наумовски

Нова демократија: Продолжуваат нападите врз партијата

А1он