Шпанија ќе ја намали проценката за економскиот раст

Од:

Шпанија ќе ја намали проценката за економскиот раст предвиден за тековната година, најави премиерот Педро Санчез во интервјуто за шпанската телевизија „Антена3“.

Владата до крајот на месецов ќе ја намали важечката прогноза за раст на активностите од 7 проценти за оваа година, земајќи го предвид влијанието на инфлацијата дополнително поттикната од руската инвазија на Украина.

„Стапките на раст ќе бидат намалени во Шпанија, Европа и светот, тоа е факт, но тоа не значи дека Шпанија нема да продолжи да расте и да создава работни места“, изјави Санчез во вчерашното интервју. Централната банка на Шпанија проценува дека оваа година националната економија ќе оствари раст од 4,5 проценти.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Дилер на дрога загина во судир со брод на шпанската цивилна гарда

Експлозија во фабрика за оружје во Шпанија, има повредени

Шпанија: Во бурата Херминио тројца повредени, 13.000 луше се без струја

ВИДЕО: Најмалку 30 повредени во несреќа на жичница во Шпанија:

Катерина Ѓуровски

Фудбалерите на Шпанија во Валенсија ќе ја пречекаат Холандија во Лигата на нации

(ВИДЕО) Експлозија во фабрика во Шпанија, има мртви и повредени