Шојбле: ММФ изрази принципиелна подготвеност за учество во програмата за Грција

Од:

Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) е подготвен да учествува во третата програма за финансиска помош на Грција, но под определени услови што треба да бидат исполнети, изјави денеска пред Бундестагот германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле, пренесува ТАСС.

За владата на Германија учеството на ММФ е задолжителен услов, нагласи Шојбле, додавајќи дека фондот одлуката по тоа прашање ќе ја донесе во октомври.

– ММФ изрази принципиелна подготвеност и понатаму да се приклучи кон програмата, истакна Шојбле.

Германскиот парламент треба денеска за гласа да третиот пакет финансиска помош на Грција.

Шојбле, повторно изрази став против отпис на грчкиот долг, како и дека тоа не се дозволува со европските договори.

Германскиот министер за финансии истакна дека би било неодговорно ако германските пратеници го отфрлат третиот пакет за спас на Атина. – Ако се земе во предвид дека грчкиот парламент веќе усвои голем дел од мерките, би било неодговорно да не се искористи можноста за нов старт во Грција, истакна тој.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Масовни демонстрации во Грција за железничката несреќа кај Темпи – инциденти на крајот од протестите

А1он

Полицајците го пуштиле да вози пијан и без дозвола – предизвика судир и загина млад човек

А1он

Стразбур: Грција прогласена за виновна за систематско одбивање на потенцијални баратели на азил

А1он

Силен земјотрес ја погоди Грција

Почина поранешниот премиер на Грција Костас Симитис

Еден загинат во пожар во хотел во Грција

А1он