Шофкет Хазари избран за претседател на УО на Агенцијата за промоција на туризмот

Од:

За претседател на Управниот одбор на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот на Република Македонија вчера на седница беше избран Шофкет Хазари.

На првата седница на Управниот одбор беше отворена дискусија за годишната програма на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот за 2018 година. Програмата беше целосно разгледана од страна на сите членови и за неа беше спроведено гласање, на кое се констатира дека Агенцијата има одобрение да постапува по неа. Управниот одбор ќе продолжи да зазема ставови по прашања од значење за спроведување утврдени политики и принципи за развој и работа на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот и ќе продолжи да учествува во комисиите и советодавните тела на Управниот одбор во кои не се членови и ќе изнесуваат мислења и предлози за прашања за кои се расправа на седниците.

На седницата се дискутира и за проблемите со кои се соочува Агенцијата, за пречките за кои треба, генерално, заедно да изнајдеме решение, како и за предизвиците и трендовите во туризмот.

Би можело да ве интересира

Американка која сама патува низ светот открива: „Не се чувствував безбедно во Албанија“

Предраг Петровиќ

Италија, Шпанија и Грција со мерки за да го спречат масовниот туризам и бројот на туристите

Предраг Петровиќ

Дали сте спремни за продолжениот викенд?

Предраг Петровиќ

Зголемена фреквенција на возила на граничниот премин Табановце за излез и за влез во државата

Англиски турист ги осквернави фреските во Помпеја: „Сакав да оставам трага од мојата посета“

Предраг Петровиќ

Прогласени најдобрите дестинации во светот за ноќен живот

Предраг Петровиќ