Шкода започна со изградба на нов центар за тестирање мотори

Од:

Чешката фабрика за автомобили “Шкода” започна денеска со изградба на нов центар за тестирање на мотори во кој ќе инвестира 34 милиони евра, кој треба да започне со работа на крајот на октомври следната година.

Новиот центар е следната фаза на проширување на “Шкода” во Млада Болеслав. Ќе има 21 станици за тестирање на мотори и нивни компоненти – 15 станици ќе бидат наменети за мотори со сила од 250 до 400 киловати, а ќе биде во можност да тестира и агрегати кои се користат во мотоспортот.

Следните шест станици ќе го тестираат функционирањето и издржливоста а ќе ја тестираат и акустиката на моторите.

Исто така се рачуна на користење на шест различни видови на горива, вклучувајќи течен нафтен гас (ТНГ), природен гас (CNG) и етанол.

Во новата зграда ќе најдат работа 40 експерти од кои повеќемина се веќе на обука, беше речено во текот на поставувањето камен темелник.

“Шкода” со Изградбата на центарот ќе ја зајакне својата технолошка конкурентност во групацијата “Фолксваген”, изјави претседателот на Управниот одборо Винфрид Валанд.

На Млада Болеслав “Шкода” веќе произведува мотори 1.2 MPI и HTP, а новиот центар ќе придонесе за развој и производство на 1,6 MPI моторот кој ќе сеиспорачува на целиот концерн на “Фолксваген”, пренесува агенцијата ЧTK.

Развојниот центар на “Шкода” во Млада Болеслав, е трета по големина во концернот “Фолксваген”, отворен е во 2008 година. и во моментов вработува 1.800 луѓе.

Би можело да ве интересира

ФОТО: Сериски McLaren P1 со 903КС

Емир Латифовиќ

Mercedes-Benz ML63 AMG најмоќен до сега

Емир Латифовиќ

ФОТО: BMW 2 купе верзија

Емир Латифовиќ

ФОТО: Претставен новиот Jeep Cherokee

Емир Латифовиќ

ФОТО: Нов Range Rover

Емир Латифовиќ

Volkswagen XL1 автомобил на иднината

Емир Латифовиќ