Шефот на ММФ: Суровата зима може да доведе до немири во Европа

Од:

„Суровата зима може да доведе до социјални немири во Европа, каде руската инвазија на Украина веќе доведе до страшни економски последици, поради што се стравува од рецесија“.

Ова го изјави првиот човек на Меѓународниот монетарен фонд – Кристалина Георгиева која порача дека поради актуелната ситуација, Европската централна банка мора внимателно да ја балансира борбата против инфлацијата, имајќи ја предвид „неопходноста од зајакнување на економијата“.

„Во некои земји секако постои страв од рецесија, а и да не се случи, ќе изгледа како да се случи оваа зима“ – рече Георгиева.

„Ако мајката природа одлучи дека не сака да соработува, а зимата е сурова, може да дојде до социјални немири“ – рече таа.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: 2023 ќе биде тешка година, рецесија ќе зафати третина од светската економија предвидува ММФ

Катерина Ѓуровски

Георгиева: ММФ ќе им помогне на државите засегнати од евентуалниот конфликт меѓу Русија и Украина

А1он

Георгиева: Пандемијата продолжува да ја попречува светската економија

А1он

„Економист“ во редакциска колумна ја повика Кристалина Георгиева да се повлече од функцијата директор на ММФ

А1он